Тренчевски: Имаме шанса за победа над Бутел Скопје

Ракометарите на Струга во рамки од 5. коло од суперлигашкиот плеј-оф за ривал го имаат тимот на Бутел Скопје.

Двете екипи в сабота ќе ја имаат првата меѓусебна пресметка сезонава, откако се избегнаа во групниот сегмент во регуларниот дел.

Бутел Скопје и Струга двапати играа во ланската сезона, но сега и двете екипи имаат неколку промени во составите.

Еден од најискусните во редовите на Струга, кружниот напаѓач Александар Тренчевски, фаворитската улога им ја препушти на бутелци.

,,Екипата на Бутел Скопје е фаворит на овој натпревар, тука нема никакви дилеми, но за разлика од досегашните натпревари и сега, мислам дека имаме шанса за триумф. Не треба да нѐ залаже тоа што тие немаат победа во плеј-офот, со сите ривали играа егал до последен момент и несреќно губеа на многу од нив. Станува збор за квалитетна екипа составени од искусни и млади ракометари и сигурно ќе дојдат мотивирани за да ја остварат првата победа”, изјави Тренечевски.

Искусниот ракометар вели дека скопскиот тим е доволно анализиран и се надева дека со поддршка од публиката Струга би можеле да дојде до првите бодови во плеј-офот.

,,Ние сериозно се подготвуваме за нивната брза игра и транзиција, која доколку ја анулираме можеби ќе стигнеме до позитивен резултат на натпреварот. На вакви натпревари, посебно кога играме со квалитетни екипи како Бутел Скопје, секоја помош е добредојдена и многу ни значи, па ги повикувам сите љубители на ракометот во Струга и навивачката група „Паткари“ да нѐ бодрат, да дојдат во што поголем број, па зошто да нѐ се радуваме да победа во сабота”, заврши Тренечвски.

Натпреварот меѓу Струга и Бутел Скопје ќе се одигра в сабота (9 март) со почеток од 13:30 часот во спортската сала „Тими“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120