- Унгарскиот гигант Веспрем објави дека ја прекинува соработката со десното крило Никита Вајлупов една сезона пред истекот на договорот. Негова следна дестинација ќе биде португалската Бенфика.
- Средниот бек Симо Шијан по крајот на сезоната ќе се врати во српскиот првак Војводина. 20-годишниот репрезентативец на северниот сосед прикажува одлични партии во данскиот Скјерн, па тимот од Нови Сад го бара назад.
- Големата надеж на српскиот ракомет и капитен на младинската репрезентација, Татјана Чинку, потпиша договор на две сезони со францускиот Мец. Голманката досега беше член на Железничар Инџија.
- Данскиот Алборг најде замена за Хенрик Молгард, кој ја завршува кариерата и го ангажираше Норвежанецот Ветле Ронинген, кој доаѓа од тимот на Скјерн. Ронинген има и бундеслигашко искуство, а со Алборг потпиша договор на три сезони.




