Унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос ја продолжи соработката со бундеслигашот Мелсуген и ќе биде дел од тимот што е предводен од Роберто Гарсија Парондо најмалку до 2026 година.
Хрватскиот лев бек Јосип Шарац заминува од бундеслигашот Гепинген по истекот на договорот и во иднина ќе ги брани боите на унгарската Татабања, со која се обврза на соработка на две сезони.
Левиот бек на шпанскиот Гранољерс, Феран Кастиљо, би требало да се пресели во Спортинг Лисабон и да биде замена за Матим Кошта, кој е поврзуван со трансфер во Веспрем, пишува „RTHandball“.
Десниот бек на египетскиот Ал Ахли, Мошен Рамадан, е на добар пат да се пресели од идното лето во португалскиот првак Спортинг Лисабон. Таму одлично игра Франциско Кошта, но и тој е на радарот на многу екипи, па Спортинг веќе бара замена.
Средниот бек на Лајпциг, Лука Викце, ќе замине идното лето од овој клуб, но ќе остане во Бундес лигата, пишува „Билд“. За него се заинтересирани Фленсбург и Рајн Некар Левен.