Шпанското лево крило Валеро Ривера ја продолжи соработката со францускиот Нант за уште една сезона и тој ќе остане во клубот најмалку до 2026 година. Шпанецот веќе 13 сезони го носи дресот на Нант.
Десното крило на Мец, Луси Грание, реши да потпише нов договор со францускиот првак Мец и ќе остане во овој клуб најмалку до 2027 година.
Францускиот чувар на мрежата, Кевин Бонефуа, и наредната сезона ќе го брани голот на швајцарскиот Криенс Луцерн, откако реши да стави потпис на нов договор.
Некогашниот тренер на Нант, Тјери Анти, нема да ја продолжи соработката со францускиот Шарт и ќе си замине од овој клуб на лето.
Бундеслигашот Вецлар, каде асистент тренер е Филип Миркуловски, за вториот дел од сезоната се засили со Виктор Петерсен, 24-годишен десен бек кој доаѓа од норвешкиот Драмен и ќе го менува повредениот Немања Зеленовиќ.