Средниот бек Килијан Вијмино, иако повреден и ќе ја пропушти сезоната, сепак потпиша нов договор со актуелниот негов клуб Монпелје до 2028 година и ќе комплетира 12 сезони ако го одработи до крај.
Десниот бек на Австрија, Борис Живковиќ, по одличниот настап на Европското првенство си обезбеди трансфер во Бундес лигата. Тој го раскина договорот со полскиот Азоти Пулави и ќе оди во Фленсбург како замена за Каи Смитс.
Азоти Пулави во продолжение од сезоната ќе биде посилен за плејмејкерот Лукаш Гогола, кој се обврза на соработка до 2025 година. Тој претходно играше за австрискиот Фуксе, а македонската јавност го знае од настапите за Татран.
Романскиот Рапид Букурешт по Сара Ристовска и Полина Горшкова, потврди уште едно засилување за следната сезона. Станува збор за голманката од Холандија, Ринка Дујиндам, која претходно бранеше за Ѓер, Сола, Турингер и Дортмунд.
Норвешкиот чувар на мрежата Андре Кристенсен ќе продолжи да ги брани боите на португалскиот Спортинг Лисабон. Тој дојде во декември 2022 година од Драмен во Лисабон, но остави одличен впечаток и го продолжи договорот.