ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мате во ПИК Сегед, Мартинс оди во Веспрем, Шипиќ во Луцерн до 2027 година

  • Според „RTHandball“, десниот бек Доминик Мате би можел да го засили тимот на ПИК Сегед по истекот на договорот со ПСЖ. Во Париз доаѓа Јахја Омар, па Мате ќе ја побара среќата во друга средина.
  • Брест Бретањ промовираше две засилувања за следната сезона. Станува збор за средниот бек Мелин Ноканди од Париз и за левото крило Лоран Канор од романскиот Рапид Букурешт.
  • Средниот бек на португалската репрезентација, Мигел Мартинс, по двегодишниот престој во ПИК Сегед, би можел да се пресели во унгарскиот првак и голем ривал на тимот од Сегед, Веспрем, пишува „RTHandball“.
  • Кружниот напаѓач Макс Дарј ќе го продолжи престојот во германскиот тим Фуксе Берлин до 2026 година. Шведскиот репрезентативец дојде во Берлин од Бергишер во 2022 година.
  • Пивотот Марин Шипиќ игра во одлична форма во швајцарскиот шампионат во дресот на Криенс Луцерн, па клубот му понуди соработка на долг рок. Хрватскиот репрезентативец ќе остане во Луцерн најмалку до 2027 година.