- Бундеслигашот Штутгарт го ангажираше грчкиот талент Ахилеас Тоскас и договори соработка на три сезони до 2027 година. Десниот бек има 19 години и настапува за тимот на Драма.
- Германскиот Хановер објави дека е раскинат договорот со чуварот на мрежата Дарио Квенштет. Голманот дојде од Кил во летото 2022 година, одигра досега 62 меча и ќе си замине следното лето.
- Францускиот Шамбери ги продолжи договорите со тројца ракометари. Шпанските средни бекови Јосу Гони и Алехандро Костоја остануваат до 2026, односно 2027 година, додека десното крило Кидо Траоре продолжи до 2028 година.
- Францускиот Брест за преостанатиот дел од сезоната ја ангажираше репрезентативката на Сенегал, Хава Н’Диаје. Таа досега беше дел од романскиот тим Глорија Бузау.
- Левото крило Лион Цахаријас, кој досега настапуваше за Рајн Некар Левен, од следната сезона ќе биде дел од Вецлар. 20-годишниот ракометар ќе биде замена во Вецлар за Емил Мелегорд.
- Француската репрезентативка Грас Заади заминува од романскиот ЧСМ Букурешт и ќе се пресели во словенечкиот Крим. Таму ќе ја замени сонародничката Алисон Пино, а потпиша договор до 2026 година.