TРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс бек на Тиквеш има нов клуб, Чапчет си оди од европскиот првак

  • Поранешниот лев бек на Тиквеш, Душан Медиќ, има нов клуб во Србија. Тој потпиша за тимот на Гоч Меркур и ќе се обиде да му помогне да се пласира во елитата. Претходно беше дел од турската Сакарија и францускиот Поитие по заминувањето од Кавадарци.
  • Данскиот Икаст објави дека е постигнат договор со шведското лево крило Оливија Мелегорд. 27-годишната Мелегорд во моментов е член на тимот на Савехоф, а со Икаст потпиша договор на две сезони.
  • Шпанската репрезентативка Лиза Чапчет на крајот од сезоната ќе си замине од европскиот шампион Вајперс Кристијансанд. Чапчет е блиску до договор со данскиот Оденсе каде работи екс тренерот на Кристијансанд, Оле Гукстав Гјекстад.
  • Бундеслигашот Мелсунген кој е предводен од Роберто Гарсија Парондо ги продолжи соработките со Арнар Арнарсон и Димитри Игнатов. Договорот со исландскиот пикер ќе има важност до 2025 година, додека со германското десно крило до 2026 година.
  • Тимот на Хамбург објави дека го задржува рускиот лев бек Азат Валиулин до 2025 година. Тој веќе четири сезони ги брани боите на некогашниот европски првак по преминот од Лудвигсхафен и за 86 меча даде 183 погодоци.