Трајкоски блескаше на голот, македонскиот вицепрвак освои историски бод во Европа!

Maкедонскиот вицепрвак одигра нерешено на гостувањето во Шпанија кај Ла Риоха 29-29. Тимот на Кире Лазаров пружи силен отпор, во вториот дел имаше и водство, но попушти во финишот и на крајот можеше да остане со празни раце. Но сепак десното крило Петковски се погрижи за реми и еден бод, историски бод, бидејќи е прв во европскиите натпреварувања.

Голманот Трајкоски имаше одлична партија, кој собра 12 одбрани и беше меѓу најзаслужните за ремито со Ла Риоха, а Арно Бинго даде седум погодоци.

Домаќините отворија со водство од 4-1, но тимот од Автокоманда набрзина се врати во егал 5-5. Се држеше нашиот тим во егал или негатива од еден или два гола, а следуваше мал пад во играта во финишот на полувремето.

Голманот на Ла Риоха имаше две одбрани во серија и по 16-15, шпанскиот тим замина на пауза со плус три, 18-15, а згора на се и Маркоски доби исклучување во последните моменти од првиот дел.

На стартот на вториот дел Ла Риоха се одлепи на плус четири, 20-16, но голманот Трајкоски се разбрани, а Велковски, Маркоски и Џонов погодија пет пати во серија за водство на македонскиот тим, 21-20.

Потоа се играше гол за гол, а при водство од 24-23, тимот на Кире Лазаров пропушти да реализира многу прилики за плус два. Казната стигна и Рамос погоди за реми, 24-24, но Трајкоски продолжи да блеска на голот.

Им даде нова прилика за плус два на соиграчите, но повторно немаше гол и Ла Риоха одново стигна до реми, 25-25. Се зголемија грешките кај македонскиот тим, тие беа казнети и Ла Риоха на пет минути до крајот водеше со 28-25.

Но беше се готово, па Серафимов имаше две реализации за 28-27. Трајкоски одбрани уште еден шут, а Џонов израмни. Домашните погрешија, но и тимот од Автокоманда се реваншираше, па во последната минута се влезе со реми, 28-28.

Рамос казни за плус еден, 29-28, а македонскиот тим тргна во последен напад за кој имаше уште триесетина секунди. По тајм-аутот на Лазаров, неговиот тим организира акција, која заврши со гол на Петковски.

Останаа уште неколку секунди за домашниот тим, кој не успеа да организира акција и мечот заврши 29-29. Покрај Трајкоски и Бинго, во македонската екипа се истакнаа Џонов со шест и Велковски со четири гола.

Во вториот натпревар од групата на тимот од Автокоманда, Војводина го забележа вториот триумф, откако славеше над данскиот Силкеборг со 29-28 со голот на Оцвирк од пенал во последната минута.

Ловќен на Бојан Маџовски, го доживеа и вториот пораз во групната фаза на Лигата на Европа. Во Подгорица, Ловќен загуби убедливо од Фленсбург со 35-19, а левото крило не се запиша во листата на стрелци.

Лига на Европа, 2 коло, резултати:

Група А

Бенфика – Кристијанштад 36-33
Рајн Некар – Нант 36-32

Група Б

АЕК Атина – Криенс Луцерн 30-29
Хановер – Горњик Забже 34-28

Група Ц

Савехоф – Горење 36-34
Винтертур – Куенка 32-28

Група Д

Скјерн – Повашка Бистрица 42-22
Нексе – Брага 38-28

Група Е

Кадетен – Елверум 32-30
Ловќен – Фленсбург 19-35

Група Ф

Ла Риоха – Алкалоид 29-29
Војводина – Силкеборг 29-28

Група Г

Изиѓач – Фуксе Берлин 22-34
Шамбери – Динамо 21-38

Група Х

Констанца – Спортинг 29-28
Хобри Глогов – Татабања 25-30