Тимот од Автокоманда со реми се враќа од Романија

Тимот на Кире Лазаров одигра реми на гостувањето во Романија против Баја Маре, 31:31, во првиот натпревар од четвртфиналето во Европскиот Куп.

Иако тимот од Автокоманда можеше победнички да си замине со победа, сепак, домаќинот во последната секунда постигна гол за реми.

Македонскиот претставник, кој беше осетно ослабен, на овој натпревар беше предводен од Игор Ѓорѓиев и Александар Петковски, двајцата имаа по седум погодоци.

Реваншот ќе се одигра следниот викенд, на 30 март, во спортската сала „Автокоманда“, каде избраниците на Лазаров ќе имаат силна поддршка во одлучувачкиот меч.

Доколку „сино-белите“ победат барем со еден гол, ќе ја продолжат европската авантура и ќе се пласираат во полуфинале на третото по ранг клупско натпреварување