Тиквеш на тежок испит во Автокоманда, езерско дерби во Охрид, шампионот гостува во Бутел

Од денеска до недела ќе се одигра второто коло од плеј-офот/аут во суперлигашката конкуренција.

Во Охрид на програмата е езерското дерби против Струга, каде домашните се голем фаворит, а ист е случајот на дуелот меѓу Вардар и Пролет.

Шампионот Еурофарм Пелистер гостува кај незгодниот Бутел Скопје, додека интересно би требало да биде и на второто дерби во Автокоманда.

Таму вицепрвакот го пречекува кавадаречки Тиквеш, кој стартуваше со победа во плеј-офот и има големи амбиции.

Супер лига, плеј-оф, 2 коло, распоред:

16/02, 18:15, Вардар – Пролет
17/02, 18:00, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
17/02, 18:30, Охрид – Струга
18/02, 19:15, Алкалоид – Тиквеш

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140

Во разигрувањето за опстанок, кое ќе продолжи без екипата на Аеродром, остануваат седум екипи и ќе имаат за нијанса полесен распоред.

Во дербито Голден Арт во потрага по првиот триумф ќе го пречека составот на Прилеп, додека Вардар Неготино ќе гостува во Автокоманда.

Интересно се очекува да биде и во Битола, каде што ќе гостува засилениот Куманово на младите пелистерци.

Супер лига, плеј-аут, 2 коло, распоред:

17/02, 15:00, Мулти Есенс – Вардар Неготино
17/02, 17:00, Голден Арт – Прилеп
18/02, 18:00, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово
Скопје слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142