Откако ги донесе новиот тренер Драган Марковиќ-Марка, раководството на Тиквеш работи на формирање на играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона.
Нови ракометари на кавадаречкиот тим се левото крило Дарио Кофилоски и десното крило Мартин Димовски.
Двајцата доаѓаат од актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија и треба да бидат значајна алка во составот на Тиквеш.
Кофилоски потекнува од Металург, а последните три сезони ги мина во тимот на Лазаров, додека Димовски е дете на Тиквеш и по настапите за Голден Арт и тимот од Автокоманда се враќа дома.
Димовски покрај на крилната може да покрие и на десната бековска позиција, па Марковиќ ќе има повеќе опции.
Кофилоски и Димовски потпишаа договори на една сезона, а претходно кавадарчани ги продолжија договорите со трите бека – Манасков, Мијатовиќ и Обина.