Ракометарите на Тиквеш одработија рутински во натпревар од елиминациите во Купот на Македонија и очекувано дојдоа до висока победа од 56:20 против Партизан.
Тимот од Гевгелија требаше да биде домаќин на денешниот натпревар, но тој сепак се одигра во спортската сала „Јасмин“ во Кацадарци.
Кој оди понатаму од овој двобој беше јасно после одиграното прво полувреме, во кое домаќините лесно се справија со гевгеличани и на пауза заминаа со убедлива предност од 29:7.
Овие плус 22 беа причина за уште поефикасен втор дел во кој немаше проблеми за поискусниот тим на теренот.
Најефикасни во Тиквеш беа Мики Лазов со 12 и Евгениј Темелкоски со 11 погодоци. Во таборот на Партизан половина од головите ги постигна Горан Лисичков, кој имаше десет реализации.
За Тиквеш ова беше добра можност за загревање пред дерби дуелот против вицепрвакот во рамки од последното коло од регуларниот дел од Супер лигата.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 44-26
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје