Тасески, Наумовски и Салиу дадоа 31 гол и сами го победија Астраион

Екипата на Јехона, која осетно се засили за оваа сезона, ја оствари третата победа во низа и ги задржа шансите за пласман во прволигашкиот плеј-оф.

Тимот од Гостивар на свој терен го пречека Астраион од Струмица и успеа да триумфира со 37:26.

Домаќините уште од стартот покажаа дека бодовите ќе останат дома, поведоа со 6:0, лесно постигнуваа погодоци, на пауза имаа 20:14 и со уште посилно темпо продолжија во второто полувреме.

Незапирливи на теренот беа тројцата членови на Јехона, Мојсие Тасески, Дамјан Наумовски и Адис Салиу, кои постигнаа вкупно 31 погодок.

Тасески зад своето има запиша 12 погодоци, десет додаде Наумовски, а девет реализации имаше Адис Салиу.

Во поразениот табор се истакнаа Александар Цонев со осум и Кире Георгиев со осум погодоци.