Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со екипата на Бенфика обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Португалија.
Бенфика за ривал во осминафиналето го имаше незгодниот тим на Брага и успеа да триумфира со шест гола разлика, 33:27.
Талески и неговите соиграчи победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое го добија со 18:13.
Левиот бек беше меѓу најефикасните на теренот и во листата на стрелците се запиша пет пати.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Порто, во кој настапува голманот Никола Митревски.
Порто во осминафиналето се соочи со Агуаш Санташ и немаше поголеми проблеми за да дојде до триумф од 46:21 (22:11).