Талески и Бенфика победнички со Агуас Сантас

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, се врати на победничките патеки по дерби поразот од Порто.

Бенфика славеше на незгодното гостување кај составот на Агуас Сантс со 31-27, а победникот го реши уште по првото полувреме кога водеше со 18-10.

Левиот бек Талески постигна еден погодок на овој натпревар, кој беше загревање за учеството во Лигата на Европа.

Талески и Бенфика ги очекува тежок натпревар на стартот на второто по ранг европско клупско натпреварување против францускиот Нант.

Во португалското првенство Бенфика сега има 19 бодови на третото место, а пред неа се Спортинг со 21 и Порто со 20 бода.