Сутер: Натпреварот со Македонија ќе биде дуел на израмнети репрезентации!

Селекцијата на Швајцарија беше декласирана од домаќинот Германија на стартот на ЕХФ ЕУРО 2024.

Покрај убедливиот пораз швајцарскиот селектор има додадни главоболки со првиот голман Никола Портнер кој е неизвесен за настап во продолжението на ЕП. Портнер  при крајот на нетпреварот со Германија при доскок лошо нагази на ногата на противничкиот ракометар па мораше да го напушти теренот.

Во четвртокот Портнер беше на магнетна резонанца каде беше констатирано дека има проблем со лигаментите. Сепак докторот на Швајцарија, Лукас Веископ смета дека нема да има проблем и дека Портнер ќе биде во состојба да им помогне на соиграчите во следните натпревари.

Во однос на следните настапи на Швајцарија се огласи и селекторот Михаел Сутер. Тој смета дека високиот пораз од Германија делувал лошо на неговата екипа, посебно моментот дека одиграле коректно во одбраната, но тотално потфрлиле во нападот.

Сакавме да одиграме добар натпревар против Германија , но за жал не успеавме. Убеден сум дека нема да ја изгубиме самодовербата. Франција е противник од кој можеме многу да научиме, а натпреварот против Македонија ќе биде дуел на изедначени репрезентации.-изјави швајцарскиот селектор.

Швајцарија на 14.јануари игра против Франција, а во последното коло на 16.јануари ќе ги одмери силите со Македонија.