Суспензија за Никола Портнер!

Голманот на актуелниот европски шампион Магдебург, Никола Портнер, привремено е суспендиран поради сомневање дека користел допинг.

Во официјалното соопштение на Магдебург се вели дека деталите за обвиненијата и напредокот на случајот засега остануваат нејасни.

Од Магдебург истакнаа дека 30-годишниот голман привремено е суспендиран од учество во тренинзите и настапите на клубот додека трае истрагата.

Тоа значи дека голманот нема да брани во финалето од Купот на Германија, а доколку биде целосно суспендиран, тимот на Магдебург ќе мора без него да се бори за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите.

 „Бев шокиран кога дознав за резултатот од тестот и имам намера да докажам дека не ги прекршив правилата за антидопинг“, напиша Портнер на социјалните мрежи.

Магдебург за ривал во четвртфиналето од елитата го има тимот на Келце, додека во финалето од Купот на Германија ќе се соочи со Фуксе Берлин.