Стефаноски погоди 17 пати, Кичево одработи рутински против Борец

Ракометарите на Кичево одработија рутински против Борец и славеа со 46-32 во натпревар од 12 рунда од прволигашкиот плеј-аут.

Домашниот тим беше предводен од Стефан Стефаноски кој погоди 17 пати, а Мартин Бурчески имаше девет гола.

Кичево поведе со 5-1, па 12-2 и беше јасно каков тек ќе има овој натпревар, а на пауза домаќините имаа плус десет, 21-11.

Во вториот дел избраниците на Дејан Михајлоски постигнаа уште 25 погодоци, за на крајот да слават убедлив триумф.

Во составот на Борец се истакнаа Тикваров со осум гола, како и Прангов и Петровски со по шест погодоци.