Поранешниот член на Вардар а сега на Монпелје, Сташ Скубе, ќе биде надвор од ракометните терени најмалку три месеци.
Според пишувањата на „Миди Либре“, се работи за повредата на коленото и тој сигурно нема да се врати на теренот до крајот на годината.
Словенечкиот среден бек се повреди на натпреварот против унгарскиот Веспрем во Лигата на шампионите.
Ова е главоболка за тренерот на Монпелје, Патрис Канаје, кој ќе мора да се снаоѓа без еден од најдобрите стрелци во тимот.