Тимот на Овче Поле во последното коло од плеј-аут фазата во Првата лига успеа да триумфира над Текстилец и победнички да ја заврши сезоната.
Клубот од Свети Николе против штипјани обезбеди победа од 31:27, пред се поради одличната игра во првиот дел.
Домаќините на полувреме водеа со 19:13, во вториот дел се опуштија, но не дозволија гостите да се доближат на помала разлика од три гола.
Најефикасен на натпреварот беше членот на Овче Поле, Кристијан Стаменков, кој десет пати се запиша во листата на стрелците.
Во поразениот табор Јован Величков беше најефикасен со седум погодоци, а го следеше Дарио Јорданов со шест реализации.