СП 2023: Полска и Унгарија обезбедија билет за главната фаза

Репрезентациите на Полска и Унгарија со победите над Јапонија, односно Камерун, си обезбедија пласман во главната рунда на Мундијалот, кој се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Полска во натпревар од 2. коло од групата Ф за ривал ја имаше незгодната Јапонија, но успеа да се избори за втора победа на Светското првенство, триумфираше со два гола разлика, 32:30 (15:15).

Победничката репрезентација беше предводена од десниот бек на ЧСМ Букурешт, Моника Коблинска. Искусната ракометарка беше незапирлива на теренот, постигна 11 погодоци од 13 обиди. Кај азиската репрезентација најдобар стрелец беше Нацуки Аизава со пет реализации.

Јапонија за третото место, кое исто така носи пласман во главната фаза ќе се бори со Иран. Од оваа група, во главната фаза ќе игра и репрезентацијата на Германија, која во последното коло силите ќе ги одмери со Полска.

Унгарија во 2. коло од групата Б одигра рутински против Камерун, дојде до убедлива победа од 19 гола разлика, 39:20 (18:8). Унгарија во првото коло славеше над Парагвај и со две победи веќе си го осигура местото во главната фаза.

Катрин Клјубер со седум и Надин Шацл со шест погодоци беа најдобри стрелци во составот на Унгарија, додека кај Парагвај прв стрелец беше Атеба Енгади со пет погодоци.

Од групата Б, пласман во следната фаза обезбеди репрезентацијата на Црна Гора. Избраничките на Бојана Попивќ за првото место во групата ги очекува тежок дуел со унгарките.

СП 2023, 2 коло, резултати:

Словенија – Ангола 30-24
Чешка – Аргентина 31-22
Парагвај – Црна Гора 26-41
Конго – Холандија 20-40
Исланд – Франција 22-31
Иран – Германија 22-45
Полска – Јапонија 32:30
Унгарија – Камерун  39:20