Во последните два натпревари од денешната програма на Светското првенство 2023, убедливи победи остварија репрезентациите на Норвешка и Холандија.
Норвежанките на првиот натпревар од главната фаза ја совладаа Ангола со 37:19 (20:9) и дојдоа до четврт триумф на Мундијалот.
Победничката репрезентација беше предводена од екс ракометарката на Вардар, Камила Херем, која постигна седум погодоци.
Норвешка за следен ривал во групната фаза ја има репрезентацијата на Словенија, додека Ангола ќе се соочи со Австрија.
Светскиот првак од 2019, репрезентацијата на Холандија, немаше поголеми проблеми против Бразил и дојде до победа изразена од осум гола разлика, 35:27 (18:13).
Кај Холандија прв стрелец беше Дионе Хушер со шест погодоци, а во поразениот табор се истакна Кели Роса со седум погодоци.
Холандија за втор ривал од групната фаза ја има репрезентацијата на Украина. Бразил во следното коло ја очекува Аргентина.