Денес со натпреварот меѓу Турција и Италија започнаа претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2025 година.
Словачка е на добар пат да ја мине првата пречка, откако во дуелот со Косово триумфираше со 33:23.
Словаците на реванш дуелот, кој ќе биде одигран во сабота, ќе можат да си дозволат мало опуштање, или нерешен резултат.
Во балтичкото дерби, репрезентацијата на Естонија го доби дуелот против Летонија со еден гол разлика, 30:29, па така патникот во втората фаза од квалификациите ќе биде одлучен на 4 ноември во Талин.
Финска во дуелот со Велика Британија немаше многу проблеми и пред реванш дуелот, кој ќе го одигра на свој терен, си обезбеди победа од девет гола разлика, 25:16.
Натпреварот меѓу Луксембург и Израел е одложен поради војната во Палестина.
Турција ја скокна првата пречка за СП, Доне и Пеливан ја средија Италија