Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно со Струшкиот, оној во Добој, и ова лето привлече квалитетни и силни тимови.
Најавени гости во Добој се европскиот првак Барселона, потоа унгарскиот Веспрем, хрватскиот Загреб, српската Војводина…
Меѓу нив ќе биде и македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој ќе има шанси да ги одмери силите со квалитетни екипи пред стартот на новата сезона.
Битолчани потврдија учество и на Струшкиот турнир од 14 до 17 август, а турнирот во Добој би требало да се игра кон крајот на август.
Минатото лето трофејот на турнирот во Добој го освои екипата на Барселона.