Средниот бек на шведската селекција и на романската Валчеа, Даниела Де Јонг, ќе го пропушти Европското првенство.
Де Јонг заработи повреда на грбот и нема да биде во можност да им помогне на колешките на дуелите со Македонија, Унгарија и Турција.
„Не ми е лесно да ја споделам оваа вест, затоа што поради повреда не можев да играм ниту на минатото СП. Жал ми е, но се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот“, изјави Де Јонг.
Селекторот на Шведска, Томас Акснер, нема да повика нова ракометарка и скандинавската селекција во Дебрецин ќе смета на 17 ракометарки.
Мечот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра утревечер во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.