Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Словенија во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026.
Иако гостите дојдоа во Скопје без 11 што играа на СП, а Македонија го има скоро истиот ростер, сепак Словенците и натаму имаат квалитетен состав.
На три дена пред мечот, коефициентите за победа беа израмнети на двете страни, но како одминуваше времето така коефициентот за триумф на Македонија паѓаше.
Од коефициент 2.00, низ светските обложувалници ако типувате за домашна победа, коефициентот се движи од 1.6 до 1.75.
Тоа значи дека Македонија сега ја презема улогата на благ фаворит на денешниот натпревар што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот.