Шпанија ја торпедира Литванија, Македонија и математички е на ЕП

Вицепрвакот од 2019 година, репрезентацијата на Шпанија, продолжува со 100% учинок во квалификациите за ЕП 2024.

Шпанија во претпоследното коло од квалификацискиот циклус ја совлада Литванија, триумфираше со 14 гола разлика, 34:20.

Со триумфот на „црвената фурија“ против балтичката земја, македонската репрезентација се позиционира на второто место во квалификациската група.

Тоа значи дека Македонија веќе го чекираше своето место меѓу најдобрите европски репрезентации.

Од екс- ју земјите, освен Македонија, сигурен пласман преку квалификациските натпревари на континенталниот обезбедија уште Црна Гора и Хрватска.

Србија во недела против Турција ќе се бори за ново учество на Европските првенства, додека Словенија се очекува рутински да одработи против Летонија и Италија, со што ќе им се придружи на останатите земји учеснички.

Резултати од денешните квалификациски натпревари:

АЗЕРБЕЈЏАН – МАКЕДОНИЈА 22:37
ТУРЦИЈА – ЦРНА ГОРА 28:30
БУГАРИЈА – СРБИЈА 17:35
ГРЦИЈА – ХРВАТСКА 13:24
ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА 13:36
ЛИТВАНИЈА – ШПАНИЈА 20:34
ЛУКСЕМБУРГ – ИСЛАНД 18:45ч
ФАРСКИ ОСТРОВИ – ШВЕДСКА 20:00ч

 

Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…

 

Дамите по пауза од 12 години изборија пласман на големо натпреварување

 

Македонија се пласира на ЕП!