Шола пресече – носи 17 ракометари на ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Црна Гора, Владо Шола, го објави конечниот список за настапот на Европското првенство 2024 во Германија.

Од повиканите 18 ракометари, кои беа дел од последната фаза од подготовките, на континенталниот собир во Германија ќе патуваат 17 ракометари.

Голманот на Извиѓач, Харис Суљевиќ, отпадна од комбинација за настап на Европското првенство.

Шола на голманската позиција ќе го има на располагање Небојша Симиќ и екс голманот на Струга, Никола Матовиќ.

Црна Гора на Европското првенство е во група со Србија, Унгарија и Исланд. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Состав на Црна Гора за ЕП: Небојша Симиќ, Никола Матовиќ, Милош Вујовиќ, Александар Бакиќ, Мирко Радовиќ, Лука Радовиќ, Вук Лазовиќ, Немања Грбовиќ, Божо Анѓелиќ, Василије Калуѓеровиќ, Бранко Вујовиќ, Милош Божовиќ, Арсеније Драгишевиќ, Вуко Борозан, Стефан Чавор, Ристо Вујачиќ, Радојица Чепиќ.