Шок за Барса: Фуксе Берлин ќе игра финале на Супер Глоуб!

Екипата на Фуксе Берлин е прв финалист на годинешното издание на Супер Глоуб, откако во неизвесен дуел, кој беше проследен и со продолженија, славеше против каталонскиот гигант Барселона со 35:34.

Во текот на сите 60 минути имаше голема борба на теренот, двете екипи имаа свои моменти, подеми и падови, но првиот финалист се решаваше во продолженијата од по пет минути.

Регуларниот дел од натпреварот заврши 29:29, додека во продолженијата, бундеслигашот успеа да ја надмудри големата Барсa и да обезбеди билет во финалето, во кое ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Магдебург и Келце.

Актуелен бранител на титулата е токму тимот на Магдебург, кој двапати по ред го освојува златото на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство.