По ремито со Нексе Нашице во домашното првенство, шампионот Загреб и тренерот Велимир Петковиќ ја прекинаа соработката.
Како што објави клубот, раководството и тренерот потпишале споразумен раскин на договорот, иако немаше никакви најави за смена.
Петковиќ и управата решиле дека е во заеднички интерес да се прекине соработката пред финалната серија со Нексе Нашице за титулата.
„По европската сезона, ситуацијата се промени и почувствувавме дека екипата веќе не играше на задоволително ниво. Имаше одредено незадоволство кај голем број играчи, кај оние што не играат многу, но и кај оние што се користени во ротацијата. Тренерот Петковиќ го искористи своето големо искуство да ја подигне екипата, но тоа досега не се случи“, изјави менаџерот на клубот, Божидар Јовиќ.
Загреб го очекуваат уште најмалку две средби со Нексе во битката за титулата која се води до шест бода во меѓусебните дуели, а Загреб води со 3-1. Покрај првенството, Загреб ќе има предизвик и на завршниот турнир во Купот на Хрватска.