Шеваљевиќ за ситуацијата со Борозан: Тој не може да го издржи ова темпо!

Машката репрезентација на Црна по ремито кај Унгарија е на чекор до пласман на ЕП 2026, но ќе и треба барем една победа од двете пресметки со Финска и Словачка.

Селекторот Дидие Динар го смести бекот на Вардар, Вуко Борозан меѓу резервите, и тој ќе се стави на располагање само ако има потреба.

Црногорската јавност реагираше затоа што Борозан играше само на првите две средби во квалификациите, а сега не е на располагање на Динар и покрај тоа што игра за Вардар.

Спортскиот директор Васко Шеваљевиќ, екс вардарец, ја појасни ситуацијата околу Борозан.

„Кај него не е во прашање желбата за играње. Мора да имаме разбирање кога е Вуко во прашање затоа што тој има оштетување на рскавицата на коленото од највисок степен. Тоа е специфична повреда со која спортистот може да игра, но по одредени напори се создаваат компликации. Вуко кога игра, сака да е тоа со полна сила, а има проблеми со уште неколку повреди. Искрено да кажам, клубот е едно, а репрезентацијата е друго. За Вуко ова во моментов е пресилно темпо кое тој не може да го издржи. По собирот, ќе патуваме цел ден до Финска, што носи некои компликации и потоа два тренинзи, па натпревар и одново цел ден пат за назад. Вуко едноставно не е во можност да го исполни сето тоа“, изјави Шеваљевиќ.

Сепак останува можноста ако има потреба, Борозан да заигра на домашниот натпревар со Словачка в недела на 11 мај.

„Доколку биде потребно и доколку неговата здравствена ситуација дозволи, тогаш ќе помогне на следниот натпревар со Словачка“, заврши Шеваљевиќ.

Црна Гора најпрво в четврток гостува кај Финска, а на овој меч може да го завери пласманот на континенталниот собир, а в недела ќе ја пречека Словачка.