Сензација во јужниот сосед: АЕК Атина на колена пред Драма

Екипата на АЕК Атина неочекувано загуби од Драма со 29:26 (12:13) во натпревар од 16. коло од шампионатот на Грција.

Очигледно промените во грчкиот шампион, кој пред вториот дел од сезоната ја прекина соработката со искусниот Драган Ѓуќиќ, започнаа да земат замав.

За АЕК Атина денешниот пораз е втор во сезоната, претходно клубот од грчката престолнина беше поразена од главниот конкурент за титулата, тимот на Олимпијакос.

АЕК Атина е позиционирана на 2. позиција со 27 бодови, додека третопласираната Доука има 22 бодови.

Олимпијакос е лидер во грчкиот шампионат, на 16 натпревари не дозволи да биде совладан, оствари 15 победи и едно реми.

До крајот од регуларниот дел од најсилното натпреварување во Грција остануваат уште шест кола, потоа најдобрите четири екипи ќе разигруваат за титулата.