Сенев даде 11 гола, Текстилец ја продолжува трката за плеј-оф

Тимот на Текстилец со пресврт во вториот дел го совлада Шампион со 34-30 во натпревар од 10 рунда во Првата лига и остана во трка за плеј-оф.

Сега Текстилец има 12 бода на петтото место, а Шампион останува четврти со 15 бода, но разликата од само три бода најавува дека не очекуваат возбудувања во последните четири кола од регуларниот дел.

Иако штипјани без еден од најдобрите поединци по осум минути игра во вториот дел, Дарио Јорданов, сепак успеаја да доминираат над Шампион и да ги освојат трите бода. Тој доби црвен картон по еден старт над противнички играч, но тоа не го наруши ритамот на штипјани.

Шампион беше тимот што имаше контрола на резултатот и над играта во првиот дел и на пауза замина со водство, 17-16. Сепак Текстилец предводен од Благој Сенев, кој запиша 11 гола, на стартот на второто полувреме се врати во игра и егал, а потоа полека го градеше водството.

Тоа се движеше од три до пет гола, и штипјани не дозволија камбек на гостите од Скопје. Покрај Сенев со 11 гола, во домашниот тим се истакнаа Филип Џинес со седум и Филип Савев со пет погодоци, додека кај Шампион седум гола даде Давид Богоевски, а пет пати стрелаше Алекс Маркоски.