Македонскиот првак Еурофарм Пелистер триумфираше против данскиот вицешампион Фредериција со 25-23 во 7 коло од ЛШ и се врати во конкуренција за место во осминафилето, односно елиминациите.
Битолчани сега се шести на табелата со 3 бода, место кое води во осминафиналето, а веќе следен предизвик е домашниот дуел со данскиот тим. Се чини дека клучен ќе биде двобојот со Висла Плоцк во Битола, на кој со триумф, Еурофарм Пелистер би можел да биде на чекор до следната фаза.
Македонскиот првак освен со Фредериција и Висла Плоцк, директни конкуренти за место во осминафиналето, на домашен терен ќе игра уште против Динамо Букурешт и ПСЖ, а ќе гостува кај Веспрем, Фуксе Берлин и Спортинг Лисабон.
кој со кого до крајот:
Веспрем: Висла Плоцк (д), Еурофарм Пелистер (д), Фредериција (г), Динамо Букурешт (г), Спортинг Лисабон (д), ПСЖ (г), Фуксе Берлин (д)
ПСЖ: Спортинг Лисабон (г), Фуксе Берлин (д), Динамо Букурешт (г), Висла Плоцк (д), Фредериција (г), Веспрем (д), Еурофарм Пелистер (г)
Динамо Букурешт: Фуксе Берлин (г), Спортинг Лисабон (г), ПСЖ (д), Веспрем (д), Еурофарм Пелистер (г), Висла Плоцк (д), Фредериција (г)
Спортинг Лисабон: ПСЖ (д), Динамо Букурешт (д), Фуксе Берлин (г), Еурофарм Пелистер (д), Веспрем (г), Фредериција (д), Висла Плоцк (г)
Фуксе Берлин: Динамо Букурешт (д), ПСЖ (г), Спортинг Лисабон (д), Фредериција (д), Висла Плоцк (г), Еурофарм Пелистер (д), Веспрем (г)
Еурофарм Пелистер: Фредериција (д), Веспрем (г), Висла Плоцк (д), Спортинг Лисабон (г), Динамо Букурешт (д), Фуксе Берлин (г), ПСЖ (д)
Висла Плоцк: Веспрем (г), Фредериција (д), Еурофарм Пелистер (г), ПСЖ (г), Фуксе Берлин (д), Динамо Букурешт (г), Спортинг Лисабон (д)
Фредериција: Еурофарм Пелистер (г), Висла Плоцк (г), Веспрем (д), Фуксе Берлин (г), ПСЖ (д), Спортинг Лисабон (г), Динамо Букурешт (д)
Следен предизвик за пелистерци ќе биде дуелот со Фредериција во салата „Боро Чурлевски“ на 20 ноември со почеток во 20:45 часот.