Промени на турнирот „Марко Божиновски“ – ќе настапи и екипата на Струга

Фондацијата „Марко Божиновски“ која го носи името на прерано починатиот македонски ракометар во периодот од 14 до 16 јуни ќе го организира третото издание на меморијалниот турнир за ракометари до 18 години. Откако судиите и делегатите, и екипите беа информирани за распоредот на играње, стигна и потврдата за промена.

Еден од учесниците на турнирот требаше да биде и Војводина, но клубот од Нови Сад во последен момент го откажал учеството, па така организаторите местото на Војводина го пополнија со Струга, како последен учесник.

На третото издание ќе настапат домашните екипи Алкалоид, Бутел Скопје, Струга, Вардар и Еурофарм Пелистер, како и странските Одорхеи од Романија, Коњух од БиХ и црногорскиот Морнар од Бар.

На првото издание на меморијалниот турнир победник беше Нексе, додека на второто издание првото место им припадна на ракометарите на Алкалоид.

Натпреварите од турнирот ќе се играа на отвореното игралиште на СЦ „Марко Божиновски“ во населбата Ново Лисиче во Скопје.

Распоред на натпревари:
Група А: Одорхеи ,Вардар, Коњух, Еурофарм Пелистер
Група Б: Струга, Алкалоид, Морнар, Бутел Скопје