Освен што четирите екипи што ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа се истите од минатата сезона, ждрепката сакаше да се повторат и истите полуфинални двојки.
Францускиот Монпелје кој во четвртфиналето го елиминираше Вардар, ќе се соочи со бундеслигашот Кил.
Во второто полуфинале, кое ќе биде германско, бранителот на трофејот Фленсбург за ривал го има Мелсунген.
Завршниот турнир ќе се игра во Хамбург на 30 и 31 мај. Термините за полуфиналните средби се 12:30 и 15:30 часот на 30 мај, додека на финалниот ден дуелите за третото место и финалето ќе се играат од 15:00 и 18:00 часот.

























