Савески: Бутел е фаворит, ние ќе мора да бидеме доста фокусирани

Ракометарите на Струга во натпревар од 12. коло од суперлигшакиот плеј-оф ќе гостуваат во Скопје кај Бутел.

На овој натпревар Струга ќе се обиде да ги освои првите бодови во вториот дел од сезоната.

Средниот бек на Струга, Бобан Савески, ги истакна своите очекувања за утрешниот дуел со бутелци.

,,Утре играме против екипата на Бутел Скопје, се работи за квалитетен тим и тим кој што не е за потценување. Моите очекување не се нешто големи, бидејќи тие се фаворити на овој дуел. Ние со овој ростер кој што го имаме ќе мора да се бориме од самиот почеток, па до крајот и да бидеме доста фокусирани. Иако се уште немаме освоено бодови во вториот дел од сезоната, сепак, имаме добра атмосфера во клубот, па се надевам дека до крајот од сезоната ќе изненадиме некој тим”, изјави Савески.

Младиот член е задоволен од годинешниот настап во суперлигашката конкуренција.

,,Од мојот настап во Супер лигата можам да кажам дека сум задоволен, тренерот ми ја дава целосната доверба, на повеќето натпревари сум стартер, ќе се борам да ја оправдам довербата што е можно повеќе. Сметам дека овој тим на Струга може да игра многу подобро, но повредите кај некои играчи си го направија своето, помладите мора да преземаме поголема одговорност и да покажеме што знаеме на секој натпревар”, заврши Савески.

Натпреварот меѓу Бутел и Струга ќе се одигра утре во спортската сала „Антон Димитров“ од 18:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120