Самурајот од Вардар и Јапонија ќе играат на ОИ!

Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, заедно со Јапонија обезбедија билет за настап на Олимписките игри во Франција.

Јапонија во финалето на квалификацискиот турнир, кој се играше во Доха, во беше подобра од Бахреин со 32:29 и настапот во квалификациите за Олимписките игри го заврши со 100% учинок, односно без пораз.

Средниот бек на „црвено-црните“ во текот на квалификацискиот циклус одигра на високо ниво, со што ја продолжи одличната форма од клупските натпревари.

Јасухира и колегите во групната фаза играа со Кувајт, Иран, Бахреин, Казахстан и со денешниот ривал од финалето, репрезентацијата на Бахрен.

Ракометарите на Јапонија на сите дуели обезбедија победа, во полуфиналето се сретнаа со Јужна Кореја и остварија лесен триумф, па така си обезбедија и настап во финалето, во кое успеаја да го надиграат Бахрен.

За репрезентацијата на Бахрен, која го освои второто место, ќе игра дополнителни квалификации и таму ќе ја бара шансата за билет за Олимписките игри 2024.