Романците без тројцата натурализирани против Македонија, уште четворица одбија повик

Селекторот на Романија, Георге Буричеа, нема да смета на седуммина од првично планираните ракометари за двомечот со Македонија во Браила.

Буричеа нема да смета на тројцата натурализирани Романци. Шпанецот Хавиер Хумет не е доволно фит за настап, Сеид Хаидерирад откажа поради приватни причини, додека Анте Кудуз се уште има дилеми дали ќе продолжи да игра за Романија.

Двајца ракометари на кои сметаше Буричеа ја завршија кариерата во националниот тим – Влад Ротару и Кристијан Гита, како и Никишор Негру, но тој потоа ја промени одлуката и откри дека поради премор ќе ја пропушти оваа акција.

Недостига и повредениот Александру Гивил. Единствени интернационалци на списокот на Буричеа се бековите на Гранољерс и Бенфика, Андреј Бузле и Демис Григорас, додека сите останати ракометари доаѓаат од домашното првенство.

Натпреварите меѓу Македонија и Романија ќе се играат на 15 и 16 март во Браила, а вториот натпревар ќе биде отворен за јавноста. Романците се подготвуваат за бараж двомеч со Чешка за СП 2025, додека ривал на Македонија ќе бидат Фарски Острови.