Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, тимот на Фредериција, го продолжи договорот со десниот бек Андерс Мартинусен.
31-годишниот ракометар е меѓу најдобрите во тимот на Фредериција, а двете страни се договорија соработката да биде продолжена на уште две сезони.
Фредериција, исто како и македонскиот шампион, доби вајлд-карта за учество во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Данскиот тим во првите два натпревари, против Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон, одигра бледо и загуби со голема разлика.
Првата пресметка меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 31 октомври во Данска, додека второто соочување меѓу двете екипи ќе биде1 на 20 ноември.