Сестрите Ангела и Марија Јанкуловски се бековскиот тандем кој имаше одлична сезона со ЖРК Ѓорче Петров со кој ја освоија двојната круна и стигнаа до четвртфиналето во Европскиот куп.
Во викенд-интервјуто за 24ракомет тие открија дека имаат интересен начин за мотивација пред натпревар – со караоке, кое е поткрепено со нивното музичко познавање, со оглед на тоа дека учеле и во нижото музичко училиште во Битола.
„Натпреварите најчесто ни се попладне, па наутро имаме некоја лесна активација – истегнување, вежбалница, јас некогаш знам и велосипед да возам. Ритуал пред натпревар ни е караоке. (се смее) Ќе си пуштиме музика, јас свири на гитара, Марија пее и тоа ни е некој заеднички ритуал. Соиграчите кои не слушаат (бидејќи собите ни се во близина) се шегуваат дека концерти си правиме“, се смее Ангела и зборува, а Марија додава: „Знаеме и да си пуштиме и некој натпревар од Лига на шампиони да гледаме и така да се инспирираме и мотивираме, од играта на нашите идоли.“
Подолу прочитајте го целото интервју со сестрите Јанкуловски…
ИНТЕРВЈУ АНГЕЛА И МАРИЈА ЈАНКУЛОВСКИ: Потекнуваме од Битола, ракометот ни е во душата!