Ристовска со нова перфектна партија, ЦСКА Москва се загреа за дербито со Ростов

Рускиот првак ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нов триумф.

На домашен терен ЦСКА Москва беше подобар од тимот на Луч Москва со 39-27, во натпревар од 20 коло во рускиот шампионат.

Ристовска на теренот беше едно полувреме, но и тоа беше доволно да биде втор стрелец на мечот со пет гола од пет обиди.

ЦСКА Москва сега има 35 бода на второто место, а лидер е Ростов Дон со 38 бода. Токму Ростов е следен ривал на ЦСКА на 14 јануари од 13:00 часот.