Ристовска непогрешлива, ЦСКА до нова победа

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, забележа нова победа во втората фаза од рускиот шампионат.

ЦСКA Москва на домашен терен немаше поголеми проблеми против екипата на Черноморочка, триумфираше со 32:23.

Избраничките на Олга Акопјан беа доминантни во текот на целиот натпревар и победата ја обезбедија уште при предност од 18:12 на пауза.

Ристовска играше само во првото полувреме и за 30 минути игра имаше 100% реализација, четири гола од исто толку обиди, но и три асистенции кон своите колешки.

Следен предизвик за Ристовска и ЦСКА Москва ќе биде гостувањето кај Лада Тољати.