Ристиќ и Петровска се погрижија за убедлива победа на Скопје против Гевгелија

Ракометарките на Скопје со убедлива победа со 34-16 над Гевгелија го отворија 25 коло од Женската лига.

Предводнички во триумфот и новите три бода за Скопје беа Стефани Ристиќ со девет гола и Јана Петровска со осум погодоци. Во составот на Гевгелија се истакна Елена Димова со седум гола.

Само на стартот беше 1-1, а потоа домаќинките поведоа со 10-1 и беше јасно каков тек ќе има натпреварот.

На паузата избраничките на Андријана Будимир имаа водство со 14-7, шанса за настап добија сите ракометарки од двете екипи во вториот дел кога победникот веќе беше познат.

Во последното коло Скопје ќе игра против Шампион на гостински терен, додека Гевгелија ќе го пречека дома Овче Поле СУ.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР25201461
5КУМАНОВО25190657
6СТРУЖАНКА251211237
7ПЕЛИСТЕР 2012241011331
8ДЕСПИНА251011431
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.25441716
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243