Ричардсон е МВП на Ф4, Шипжак нај стрелец на сезоната

Екипата на Барселона со победата над Алборг од 31:30 во финалето на Ф4 турнирот од ЛШ, дојде до 12. титула во најквалитетното европско натпреварување.

Барселона по едногодишна пауза успеа да се врати на европскиот трон, а од новиот европски првак доаѓа и МВП играчот.

На годинешниот Ф4 во Келн за МВП, односно за најкорисен играч, беше избран десниот бек од Францција, Мелвин Ричардсон.

Французинот во денешното финале беше стрелец на осум погодоци, додека во полуфиналето против Кил реализираше петпати.

Наградата за најдобар стрелец на натпреварувачката сезона 2023/24 замина во рацете на членот на ПСЖ, Камил Шипжак.

Искусниот кружен напаѓач имаше одлична сезона постигнувајќи 112 погодоци во европската елита.

Трилер меч во Келн: Барса ја доби драмата против Алборг за 12. титула во елитата

 

 

Трето место и утешна награда за Кил