По високиот пораз од селекцијата на Исланд, за македонските младинки остана само една опција – победа над Ангола, ако сакаат пласман во главната рунда на Мундијалот.
Ангола има подобра гол-разлика од Македонија, +11 наспроти +5, па реми не им одговара на избраничките на Дарко Јанев.
Африканскиот ривал на минатото СП во оваа категорија го имаше наголемиот успех и стигна до шестото место, но голем дел од тие ракометарки не се во составот на Мундијалот во Скопје.
Доколку младинките слават против Ангола, ќе играат во групата 4 од главната рунда против Црна Гора и Португалија, а доколку ремизираат или загубат ќе играат во Президент Купот, најпрво против Гвинеја и Узбекистан.
Натпреварот меѓу Македонија и Ангола се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот.