?????? ?????? ????????? ??????? ?????? ????????

Реми меѓу Македонија и Грција

Машката сениорска репрезентација на Македонија во Солун одигра нерешено против јужниот сосед 29:29 на првата од двете најавени пријателски средби.

Иако играта во првото полувреме беше во полза на „црвено-жолтите“, кои по 30 минути игра водеа со 15:12, сепак, во последниот период од натпреварот домашните ракометари се вратија во игра, беа пред победа, но Ненад Костески со гол во последна секунда погоди за реми.

Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по пет погодоци. Голманот Никола Митревски натпреварот го заврши со 10 интервенции.

Втората пресметка на Македонија и јужниот сосед ќе се одигра утре со почеток од 17:30 часот.

ФОТО: Pavlos Makridis

Овие две средби, како и следните две во јануари 2024 година, се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.

Македонија на континенталниот собир за ривали ги има репрезентациите на Германија, Франција и Швајцарија.

Грција, која исто така ќе учествува на Европското првенство, се наоѓа во група заедно со Данска, Португалија и Чешка.