Рејтинг на сите младински селекции: Македонија е на 18 место во Европа!

Европската ракометна федерација објави комбиниран ранкинг на сите репрезентации од европскиот континент по крајот на летните големи натпреварувања. Нашите младински селекции (машки и женски заедно ) котираат на 18 место со 102 бодови.

Момците во одделниот рејтинг за машките селекции се на 13 место, девојките во нивниот рејтинг се 19 место, а на заедничкиот се на 18 место.

Македонија беше дел од едно женско (СП за младинки во Македонија) и настапи на две машки големи натпреварувања (ЕП за младинци во Словенија и ЕП за кадети во Црна Гора).

Доколку и кадетките беа на СП во Кина, ранкингот сигурно ќе беше повисок и Македонија ќе се најдеше во ТОП 15.

Следното лето, двете женски селекции, кадетките и младинките ќе играат на ЕП 2025 во Црна Гора, додека само една од машките селекции, младинците, ќе бидат дел од Мундијалот во Полска.

На првото место на ранкингот е Унгарија, која секогаш бележи успеси со младинските селекции, особено женските.