Рапид Букурешт, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, денеска ја заврши својата авантура на европската сцена и во наредниот период ќе биде целосно фокусирана на настапите во домашниот шампионат.
Ракометарките на Рапид загубија и на реваншот против градскиот ривал ЧСМ Букурешт во осминафиналето од Лигата на шампионите, овојпат со 28:22 (11:11).
Кристина Неагу и нејзините соиграчки одиграа доминантно уште на првиот натпревар и славеа со убедливи 34:24. Иако денес можеа да си дозволат и пораз со помала разлика, повторно одиграа сигурно.
Сара Ристовска во дадената минутажа одигра без грешка и постигна два гола од исто толку обиди, додека на голот на Рапид, Сандру Дениса имаше одличен настап со 14 одбрани, кои сепак не беа доволни за нејзиниот тим да избори за помал пораз.
ЧСМ Букурешт ќе се бори за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта против данскиот Есбјерг, кој како второпласиран во групата Б од групната фаза директно обезбеди место во ТОП 8.